Свет

Пукање во училиште во Сараево: Ранет еден ученик

Утрово во 8 часот при пукање во дворот на средно училиште во Сараево е ранет ученик.

„Полициските службеници при излегување на терен констатирале дека еден малолетник употребил огнено оружје, а друг малолетник бил повреден во потколеницата“, изјави Мерсиха Новалиќ, портпарол на полицијата.

Се утврдува степенот на повреди на повредениот малолетник, а другиот малолетник е под контрола на полициски службеници.

„На повредениот малолетник констатирана му е полесна физичка повреда“, додаде Новалиќ.

На почеток