МЗШВ: Исплатени се 216.712.603,00 денари на 4.430 млекопроизводители
„Исплатени се 216.712.603,00 денари на 4.430 млекопроизводители. Се што се вети, се исполнува. Исплатата е извршена на земјоделските стопанства – производители на кравјо, овчо и козјо млеко регистрирани како одгледувачи на говеда, овци и кози и произведеното млеко го имаат предадено на регистрирани откупувачи на сурово млеко во месеците: август, септември, октомври, ноември и декември 2023 година“, велат од МЗШВ.
Висината на директните плаќања изнесува 5 денари по литар за кравјо млеко и 6 денари по литар за овчо и козјо млеко.
Грижата за земјоделците е приоритет на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, се додава во соопштението на МЗШВ.