ЗНМ: Повторно обиди за притисок врз новинарите на „Скопје1“
Повторно се забележуваат обиди за притисок врз новинарите на „Скопје1“, што претставува продолжение на слични случаи од минатото, за што ЗНМ претходно го изрази својот став, вели Здружението на новинари.
„Јавните функционери, особено градоначалниците, имаат обврска да одговараат на прашања од јавен интерес и да не ги ограничуваат новинарите во вршењето на нивната работа. Наместо непримерна комуникација преку заканувачки деманти од правни застапници, соработката и отворената комуникација се клучни за поттикнување доверба.
Доколку се забележат тенденцозни објави од страна на медиуми, во тој случај може да се испрати претставка до Советот на честа при ЗНМ, како и до Комисијата за жалби при СЕММ (Совет за етика во медиумите) Град Скопје, но и сите јавни институции и личности треба да покажат подготвеност за дијалог и професионален однос со новинарите и медиумите.
Воедно, ги потсетуваме членовите на ЗНМ дека имаат право на бесплатна правна помош и застапување пред суд во случај на правни притисоци и тужби“, велат од ЗНМ.