Скопје

Од Комунална до МКЦ ја споделија Арсовска од Брисел: Коментарите говорат за перцепцијата на граѓаните…

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, преку Секторот за односи со јавност на градот се пофали дека е во Брисел. Нејзиното патување е во време кога приватните превозници се исклучија од сообраќај, автобуските често се преполни оти нема доволно автобуси, ЈСП не постигнува да вози според возниот ред, граѓаните се жалат на хигиената, вработени кои се избркани бараат правда пред Трудовиот инспекторат и Управна инспекција.

Нејзината објава (во моментов на објавување на веста) е споделена 45 пати. Ако се провери кои се профилите, ќе се забележи дека тоа најчесто е на фејсбук-страници на училишта под ингеренции на Градот и градоначалникот, културни институции, јавни претпријатија.

Најбројни се коментарите под објавата споделена на профилот на МКЦ.

Screenshot

Под објавата на профилот на Зоолошката градина-Скопје има два коментари. На страницата на Град Скопје до моментов нема ниту еден лајк во знак на поддршка.

Screenshot

Арсовска во Брисел беше со советничката Ирена Витина.

На почеток