Македонија

(Видео) Посредување при проституција, оружје и дрога – детали за акцијата со апсења во Тетово и Охрид

Посредување при проституција, дрога и оружје. Ова се трите работи поради кои има апсења во Тетово и Охрид, дознава „Скопје1“. Полициската акција координирана од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција започна рано утринава, а се вршат претреси на повеќе локации.

Според информации на „Скопје1“, акцијата е резултат на подолго време следење на повеќе лица, од кои дел, неофицијално биле и под ПИМ мерки. Овие информации засега се непотврдени, со оглед дека Обвинителството најави детали по завршување на акцијата.

„Под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, во тек е голема полициска акција во регионот на Тетово и Охрид. Се вршат претреси на повеќе локации, има и приведени лица. Со детали од акцијата МВР и ОЈО ГОКК ќе излезат во текот на денот“, велат од Обвинителството.

Се огласија и од МВР.

„Под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, во тек е голема полициска акција во регионот на Тетово и Охрид. Се вршат претреси на повеќе локации, има и приведени лица. Со детали од акцијата МВР и ОЈО ГОКК ќе излезат во текот на денот“, велат оттаму.

На почеток