Македонија

Наместо да шират дезинформации и да се впуштаат во лов во матно, СДС да ги научат правните норми и прописи по кои работи ЈПДП и конечно да започнат со консолидација на партијата, реагира ВМРО-ДПМНЕ

„СДС демолирана, наместо да шират дезинформации време е конечно да започнат со консолидација на партијата. Наводниот скандал за кој тврди СДС во ЈПДП за 40 те возила кои се пропуштени без да платат патарина е хуманитарен конвој кој години наназад, откако почнал поминувал без да плати патарина. Тоа било пракса и тоа СДС добро го знаат“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на СДСМ.

„СДС прво да ги научи правните норми и прописи по кои работи ЈПДП, да ги разберат, да научат да ги толкуваат, за потоа да можат да увидат дали постои прекршување, злоупотреби или евентуално простор за санкции, за да не се сведуваат на ниво на шпекулации и „лов во матно“.

Јавното претпријатие Државни патишта работи според сите законски прописи и за 4 месеци направи повеќе отколку СДС за 7 години.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за 4 месеци направи повеќе отколку СДС и ДУИ за 7 години и тоа народот го гледа на дело.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ секојдневно работи за конечно државата да стане домаќин на три раскрсници, транспортна, железничка и енергетска. Приоритет на оваа влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ е економска трансформација и градење на институциите и инфраструктурата.

Наместо да манипулираат и шират дезинформации, СДС треба сериозно да се зафати да си ја консолидираат партијата и да не шират шпекулации“, се додава во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ

На почеток