Ковачки: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во изминатите 100 дена покажа различност, реалзизира повисоки пензии и раст на плати
„Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во изминативе 100 дена апсолутно покажа различност. Првото ветување сите што го зборувавме во предизборието беше покачување на пензиите за 5,000 денари законски тоа го направивме 2,500 сега и 2,500 денари во април. Тоа и понатаму ќе продолжи да расте и тоа е многу повеќе од тоа што го наследивме. Во буџетот немаше предвидено и пари за исплата на пензиите“, истакна пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки во гостување во емисијата „На кавга со Иван“ на Канал 5 ТВ.
Тој истакна дека како втор проект е покачувањето на платите на наставниците укажувајќи „знаете дека во рок од 4 години владата се договори платите да растат до 46%“.
„Обезбедивме учебник за секое дете нешто што досега немаше. Ние дојде ред да се фалиме и гордееме со нешто што сосема беше нормално во изминатиот период кога нудевме компјутер за секое дете, а сега се доведовме во ситуација да нема учебник за секое дете и тоа го реализиравме да има учебни за секое дете“, рече Ковачки.
Тој истакна дека средствата за стимулација кон општините се насочени кон сите општини без разлика на политичката провиниенција.
„Премиерот потпиша договор со градоначалниците за поделба на средства за капитални инвестиции. 4 милијарди денари се во прашање, а верувам сумата ќе дојде до 6 милијарди денари. Тука не правиме поделба на општини на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ итн., туку даваме на сите општини без разлика од која политичка провиниенција доаѓа“, вели Ковачки.