Скопје

Стефковски: Владиниот проект за финансирање на општините значи нивен брз развој

На вчерашното гостување во Тема на денот на Сител Телевизија присуствуваше градоначалникот на Општина Гази Баба Бобан Стефковски кој посочи дека проектот за финансирање на општините е многу битен проект реализиран од страна на Владата, за директно финансирање на општините со цел реализација на инфраструктурата.

„Овој проект ќе значи брз развој на општините во насока на рамномерен регионален развој и како општина во изминатиов период се подготвувавме со проектна документација за аплицирање на овој повик добивме 184 милиони денари односно 3 милиони евра согласно методологијата на Владата и министерството за локална самоуправа , 44 евра по глава на жител“, рече Стефковски.

Тој посочи дека Општина Гази Баба аплицирала со 4 проекти и додаде:

„Аплициравме со 4 проекти со изградба на нова детска градинка во населеното место Инџиково , комплетна реконструкција на домот за култура во Ченто, изградба на нова спортска сала во населеното место Црешево, и изградба на улица помеѓу Маџари и Кирамидница , кој што ќе биде предуслов за изградба на нова детска градинка во 2025 година. Сите четири проекти позитивно ни поминаа во комисијата за евалуација и веќе ги потпишавме договорите со ресорните министерства“, истакна Стефковски.

Според Стефковски средствата кои не ги доби Општина Струмица се затоа што Општина Струмица аплицирале со проект за кој веќе е завршена тендерската постапка што подразбира дека Општина Струмица веќе обезбедила средства за реализирање на тој проект.

„На сите средби со Златко Перински ни беше посочено за кои проекти можеме да аплицираме. На тие средби присуствување и градоначалникот Костадинов и таму беше детално потенцирано дека ќе се подржат проекти кои ќе подразбираат инфраструктурен развој и доколку проектот опфаќа голема финансиска конструкција тој може да се подели во фази и да се аплицира фазно за обезбедување на средства од страна на Владата“, потенцираше Стефковски.

На почеток