Никола Србов кој е член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, се огласи на својот Фејсбук профил во врска со апсењето на Чавков.
„Го апсат единствениот човек кој на 27 април презема нешто за да се спречи поголемо насилство. Не чепкаат ниту еден од оние кои ништо не преземале, најверојатно нивното непреземање акција им одговара на сегашната власт“, стои во објавата на Фејсбук.