Свет

(Видео) „Удри страшно, луѓето беа под конструкцијата во тој момент“: Се урна стариот дел на влезот во Железничката станица во Нови Сад

Страшна драма во Нови Сад! Се урна стариот дел на влезот во Железничката станица.

Конструкцијата на настрешницата пред железничката станица во Нови Сад се урна околу 12 часот, а според последните информации има и жртви. Делот кој се урна е изграден во 1964 година и до денес не е обновен.

На теренот има голем број противпожарни и амбулантни возила, а пристигнуваат и работници кои ги отстрануваат бетонските блокови и стигнат до повредените.

Според очевидци, ударот бил страшен и звучел како бомба.

„Удри ужасно, луѓето беа под конструкцијата во тој момент“, рекоа луѓето кои имаа среќа да се извлечат од местото на несреќата.

На почеток