Нападнат Никола Димитров: Пријавив, бидејќи имаше физичка агресија
Ексминистерот за надворешни работи, Никола Димитров, бил нападнат во присуство на неговиот син. Случајот сведочи дека го пријавил во полиција бидејќи имало агресија, покрај заканите.
„Ние сме јавни личности, ние мораме да имаме повисок праг на толеранција на критика и да сме свесни дека не сите граѓани ќе ја почитуваат или ќе се задоволни од нашата работа. Но, во моментот кога таа критика е изблик на вербална или физичка агресија, мора да се реагира. Должност е да се реагира. Затоа и случајот уредно го пријавив. Јас сум добро, самиот инцидент не сакам ни да го коментирам, си бркаат работа органите на редот, ама очигледно не е добра македонската демократија и тоа си заслужува коментар“, напиша Димитров.
Тој ги повика надлежните да воспостават ред во Македонија, со оглед на фактот дека моментално се случува хаос. Тој потсетува на меѓуврзничкото насилство, дивеењето, тепачките од билтенот на МВР.