Македонија

Почина бебе старо осум дена на Детска клиника: Со закаснување донесено во тешка состојба, тешка сепса

Бебето старо осум дена кое починало на Детската клиника пред два дена било предвреме родено, со ниска родилна тежина, а на клиниката било донесено од Струмица со тешка сепса и во многу лоша здравствена состојба, соопшти менаџментот на клиниката.

Директорот на Детската клиника во Скопје, д-р Реџеп Мемеди, изјави дека нема спорни околности во случајот со осумдневното бебе кое било донесено од Струмичката општа болница во критична состојба и починало на клиниката.

Д-р Мемеди објаснува дека осумдневното бебе било донесено со доцнење и веќе развиена сепса. Најпрво било згрижено во струмичката болница, но поради сериозноста на состојбата било итно префрлено во Скопје на одделот за интензивна нега. Според д-р Мемеди, иако на осумдневното бебе му била обезбедена целосна нега и терапија, кај предвремено родените деца со компромитиран имунитет, ризикот од смртност е значително зголемен при појава на сепса, што било случај и со ова бебе.

„Се работи за прематурно бебе, со интраутерино страдање, ниска родилна тежина за возраста. Донесено е од Струмица после неколку дена, сите дома биле болни. Со закаснување донесено во тешка состојба, тешка сепса. Обезбедена е целосната нега и професионална грижа од Оддел за интензивна нега, но за жал кај бебиња со компромитиран имунитет, прематурни, раната сепса има висок степен на смртност.“ – УК за детски болести.

На почеток