Уапсени дрвокрадци во ресенско, следува соодветна пријава
Од
Објавено на
Вчера во 16.40 часот, во атар на село Болно, ресенско, полициски службеници од ОВР Ресен ги лишиле од слобода 47-годишниот С.Д. од Ресен и 45-годишниот Т.Д. од Прилеп поради сомнение за сторено кривично дело „кражба” по член 235 од Кривичниот законик.
При контрола на трактор со приколка, кој го управувал С.Д., а сопатник бил Т.Д., биле пронајдени огревни дрва за кои не поседувале никаква документација.
Тракторот, дрвата и приколката биле одземени, а по целосно документирање на настанот против лицата ќе следува соодветна пријава.