Македонија

Во крушевско пронајдена бомба од Првата светска војна

Вчера во 09.05 часот во ОВР Крушево, 37-годишниот С.С. од село Борино, крушевско, пријавил дека на место викано „Брака” во село Борино, пронашол неексплодирана рачна бомба.

Од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување бомбата била безбедно подигната и било констатирано дека се работи за рачна бомба од Првата светска војна.

На почеток