Промени тема
За нас
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

Истрага против 28-годишник од Велешта за детска порнографија: осомничениот споделувал снимки и фотографии од полови дејствија со малолетници

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
Screenshot-2024-11-06-190043

За продолжено кривично дело – Производство и дистрибуција на детска порнографија по член 193-а од Кривичниот законик, Основното јавно обвинителство Струга поведе истрага против 28-годишен жител на Велешта.

— реклама —

Од ноември лани до мај годинава, осомничениот пренесувал, нудел и на друг начин правел достапна детска порнографија преку компјутерски систем. Обезбедени се докази согласно кои осомничениот, преку Телеграм, Сигнал, Вајбер и други апликации за комуникација инсталирани на неговиот мобилен телефон, пристапувал и учествувал во затворени групи за комуникација, а комуницирал и директно со профили креирани од други лица од повеќе земји во светот и со нив споделувал, испраќал и примал фотографии и видео материјали кои очигледно прикажувале полови дејствија со малолетни лица. Во наведениот период тој и за себе прибавувал детска порнографија која била откриена на неговиот мобилен телефон кога му бил одземен.

— реклама —

Јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство Струга до надлежниот судија на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

eZy-Watermark_26-08-2023_12-38-40-8410PM

Семејно насилство во Скопје: Жена нападната со тврд предмет во Карпош

Македонија | пред 11 час

Screenshot-2024-12-05-at-15.57.12

Сообраќајка кај Кавадарци: 19-годишник возел пијан и без дозвола, се превртел со автомобил

Македонија | пред 11 час

media-library37s0fjk665nb39UZPfh

Лажно се претставил како инспектор и измамил велешанец

Македонија | пред 11 час

policija-policaec-35-450x270-1

Лажно се претставил како полицаец, украл возило и куче во Штип

Македонија | пред 11 час

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања