Македонија

(Видео) Владата на СДС и ДУИ нетранспарентно ги трошела народните пари, ДЗР констатира дека некои одлуки за одобрување на средства од Владата не се објавувани, вели Петрушевски

„ДЗР во Ревизија за 2023 година, на министерството за финансии и буџетските трошења констатира низа нерегуларности. Власта на СДС и ДУИ крајно нетранспарентно ги трошела народните пари. Милиони евра народни пари се трошени на сомнителен начин“, рече Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

„Ревизорот констатира дека власта на СДС и ДУИ не ги објавувала одлуките за одобрување на средства од раздел МФ – функции на државата во службено гласило.

Што криеле СДС и ДУИ? Со СДС и ДУИ јавните финансии се управувани недомаќински и неодговорно.

Граѓаните не знаеле каде одат нивните пари. 7 години се трошени цели буџети, а ништо не е мрднато од мртва точка.

Неспособноста заврши со СДС и ДУИ. Следува економска трансформација на Македонија“, изјави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

На почеток