„ДУИ и СДС останаа на празни зборови за загадениот воздух, Владата на ВМРО-ДПМНЕ стартуваше со ветерен парк, доделување на инверетери, се работи и на гасификација“, велат од ВМРО-ДПМНЕ
„Владата на СДС и ДУИ не направи ништо за аерозагадувањето. И самиот Зоран Заев постојано викаше на цел глас аеро, аеро и ветуваше чист воздух. Јани Макрадули од СДС кон крајот на 2017 година како заменик министер во ресорното министерство протестираше за почист воздух. Или Јани протестираше против Јани“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.
„ДУИ кои се прокламираа како зелена партија немаат ниту З од зелена агенда. А што имаше во време на СДС и ДУИ? Мерните станици честопати беа расипани и не функционираа.
СДС во изминатите 7 години трошеа милионски буџети, а за подобрување на квалитетот на воздухот не вложија ништо.
Проблемот со загадувањето е голем и потребно е сеопфатна стратегија која на долг рок ќе даде резултати.
ВМРО-ДПМНЕ има системски решенија за квалитетен воздух и намалување на урбаното загадување.
ВМРО-ДПМНЕ има план за екоиновации за одржлив развој каде преку зелениот фонд ќе се поддржува посебни програми за поддршка на стартап компании и иновации кои ќе работат на проекти за помало загадување и заштита на животната средина.
ВМРО-ДПМНЕ стартуваше со ветерен парк во источниот дел на Македонија.
Владата на ВМРО-ДПМНЕ додели ваучери за инвертер клими за нешто повеќе од 6 илјади граѓани.
Владата на ВМРО-ДПМНЕ работи на гасификација на целата држава.
Визијата на ВМРО-ДПМНЕ е еколошки, конкурентен и стабилен енергетски систем кој се темели на принципите на сигурност ефикасност и одржливост.
И ова е само старт! „Зелениот“ ДУИ и СДС иако отидоа и сами против себе како Јани Макрадули останаа само на празни зборови!“, се додава во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.