Промени тема
За нас
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

Мицкоски ем се фали со туѓи инвестиции, ем не може цеолосно да ги реализира, ја намали Бреинчајлд за 5 милиони евра, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
mickoski-4

„Неспособноста на Владата на ВМРО-ДПМНЕ под водство на Христијан Мицкоски продолжува да ги поткопува економските можности за граѓаните и да нанесува сериозна штета на економијата. Ем се фали со туѓи инвестиции Мицкоски ем не може да ги реализира целосно“, соопшти СДСМ.

— реклама —

„Инвестицијата на „Бреинчајлд“ во индустриската зона Жабени, која беше најавена за време на владеењето на СДСМ, од првично планираните 13,5 милиони евра и околу 530 нови работни места, денес со потпис на Мицкоски е сведена на 8,5 милиони евра и едвај 200 вработувања.

— реклама —

ВМРО-ДПМНЕ ја намали вредноста на инвестицијата за 5 милиони евра и успеа да го преполови бројот на планирани работни места. Наместо амбициозен проект што ќе донесе стабилни приходи и нови можности за граѓаните на Битола и регионот, новата влада успеа да ги предомисли инвеститорите и ги стави интересите на граѓаните во втор план.

— реклама —

Додека СДСМ водеше економски политики кои создаваа услови за реализација на нови странски инвестиции, ВМРО-ДПМНЕ само во првите неколку месеци од своето владеење покажа дека економијата ќе ја втурне во провалија.

— реклама —

Разликата помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во односот кон странските инвестиции не е само прашање на бројки, туку на стратегија и визија за економскиот развој на државата. СДСМ создаде систем што беше привлечен за инвеститорите, поставувајќи ги условите за транспарентно работење, стабилни институции и поддршка за долгорочни инвестиции што носат стабилни работни места и придонесуваат за растот на економијата. Владата на СДСМ ја осигури довербата на странските инвеститори и со тоа ги зајакна позициите на македонската економија на меѓународната сцена.

Од друга страна, новата влада под водство на Мицкоски покажува сериозен недостаток на способност да ги задржи и реализира овие инвестиции. Наместо да ги унапредува постигнатите односи со странските партнери и да вложува во нови економски иницијативи, поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ се намалува бројот на работни места и износот на инвестиции, кои веќе беа договорени“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryiho10o6vj6m68OBE6oe

СДСМ: ВМРО-OKГ конечно ја призна вината за „Талир 1“ и „Талир 2“!

Македонија | пред 39 минути

eZy-Watermark_26-08-2023_12-35-52-3040PM

“Полицијата се претвора во партиски механизам”, СДСМ бара укинување на одредби од Законот за внатрешни работи

Македонија | пред 7 часа

media-library1bkovpeakj1f4j9CkQR

СДСМ: Скандалот со Дака потврда за корупција во енергетиката

Македонија | пред 9 часа

media-libraryohottvfn518t6ACHff3

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Заев не ги негираат снимките за Дака

Македонија | пред 10 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања