Промени тема
Контакт

СДСМ: ВМРО-OKГ конечно ја призна вината за „Талир 1“ и „Талир 2“!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-libraryiho10o6vj6m68OBE6oe

ВМРО-OKГ со своето последно соопштение јасно и гласно ја призна вината за предметите „Талир 1“ и „Талир 2“ – случаите за нелегално финансирање, перење пари и изградба на луксузната „Бела палата“ на народни пари, велат од СДСМ.

„Наместо да ги дочекаат исходите од судот и да ја докажат својата невиност, тие јавно се пожалија дека обвинителката Ленче Ристоска „ги чувала предметите со години без исход“ за да можат да бидат уценувани како партија.

Со тоа всушност признаваат дека предметите постојат, дека се сериозни и дека партијата била под постојан притисок поради своите финансиски афери.

Кога една партија на власт вели „нè држеа во заложништво со овие предмети“, тоа не е ништо друго освен неволно признание дека има што да се крие.

— реклама —

Наместо да ја поддржат независната работа на обвинителството, тие преку новиот републички јавен обвинител брзо ѝ ги одзедоа предметите на Ристоска, токму кога тие беа во завршна фаза а таа поднесе оставка бидејќи не сакаше да работи под политички притисоци.

Ова не е „прочистување на правосудството“, ова е класично ВМРО-ОКГ однесување кога правдата се приближува, се менуваат правила, се отстрануваат обвинители и се обидуваат да ги застаруваат или да ги „префрлаат“ чувствителните случаи.

— реклама —

СДСМ ја поддржува независната и професионална работа на обвинителите.

Граѓаните заслужуваат правда, а не заштита на партиски криминал и „Бели палати“ градени со сомнителни пари.

— реклама —

Нема застарување за криминал и корупцијата!

Сите ќе одговарате“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryn3ugtfmiffgkek0Fi1u

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не шират паника, Филипче да не се грижи, пензискиот фонд е стабилен

Македонија | пред 12 часа

— реклама —
media-libraryhqad4r76cv7d9qnMbjp

СДСМ: Тошковски бара ЕУ да нè гледа како другите – ЕУ гледа „банда на власт“, тоа не е народот

Македонија | пред 14 часа

media-libraryq3823t9651499RRxtqD

(Видео) Цветаноски: Арамијата Мицкоски ги турна земјоделците во длабока криза - мерките на СДСМ се спас

Македонија | пред 19 часа

media-libraryfr7h64ac7ci75JEPiMq

„Ходник дипломатија на Мицкоски со 50 луѓе на екскурзија и антимон со вредност помала од DЈ“, велат од СДСМ

Македонија | пред 22 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања