Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

“Полицијата се претвора во партиски механизам”, СДСМ бара укинување на одредби од Законот за внатрешни работи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
eZy-Watermark_26-08-2023_12-35-52-3040PM

СДСМ поднесе иницијатива до Уставниот суд за оценување на уставноста на Законот за внатрешни работи, со барање за поништување на, како што велат, спорните одредби и запирање на нивната примена.

Генералниот секретар на партијата, Александар Саша Димитријевиќ, на прес-конференција изјави дека со законските измени се врши партизација на Министерството за внатрешни работи.

— реклама —

„Со новиот Закон за внатрешни работи, ВМРО-ОКГ и Панче Тошковски ги деградираат професионалците и инсталираат партиска војска во полицијата“, рече Димитријевиќ.

Тој обвини дека се вршат прераспоредувања на полициски службеници без јасни критериуми и без согласност, при што, како што наведе, искусни кадри се уназадуваат на пониски позиции.

— реклама —

„Професионалци со 30 години искуство преку ноќ се уназадени од раководни позиции до најниски извршители“, рече тој.

Димитријевиќ додаде дека со измените се укинува кариерниот систем и се намалуваат примањата на полицајците.

— реклама —

„Платата на полицаецот повеќе не зависи од неговиот труд и закон, туку од желбата на Панче Тошковски“, изјави тој.

Според него, се формираат и комисии за селекција кои ќе одлучуваат за кадровските решенија без транспарентност.

— реклама —

„Целта е јасна: МВР да се претвори во партиски механизам за пресметка со неподобните и заштита на криминалот и корупцијата на власта“, рече Димитријевиќ.

Од СДСМ побараа Уставниот суд да ги поништи спорните одредби и да ги стопира сите постапки кои произлегуваат од законот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

„За Алта банка Савески да почне од Мицкоски и Славески – сметките и трансакциите мора да се испитаат веднаш“, вели СДСМ

Македонија | пред 3 часа

— реклама —
media-library3aajff2mnjk379UVxvN

„Постојат ли 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?“, велат од СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-libraryvosnvn9kcs6604GYNY3

„Славески, имаш уште малку време да го пријавиш Мицкоски, потоа ќе биде касно!“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

СДСМ: Ги поддржуваме војниците – ќе поднесеме законско решение за нивните барања

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања