(Видео) Причината за загадениот воздух има име и презиме – СДС и ДУИ, вели Марковска Илиевска
„Седум години власта на СДС и ДУИ не мрдна со прст во однос на загадувањето на воздухот во Скопје. Скопје се гуши подолг период, а последните скоро една деценија градот е на врвот на листите на градови со најзагаден воздух, рамо до рамо до Мумбаи, Киншаса или други градови од по десетици милиони жители од делови на Африка и Азија“, Анета Марковска Илиевска, советник во Совет на Град Скопје.
„СДС во 2017 година дојде на власт со ветување дека ќе го исчисти воздухот во Скопје. Тогашниот лидер на СДС на партиски митинг во Аеродром на цел глас велеше ајродром, ајро, ајро. 7 години подоцна Скопје никогаш не било со позагаден воздух.
7 години се доволен период за ако почнат да се преземаат мерки за намалување на загадувањето, тие и да вродат со плод.
Проблемот е што 7 години ништо не е преземено. А тие што 7 години имаа можност да преземат нешто и да го намалат загадувањето, сега се најгласни во хипокризијата.
Причината за загадениот воздух има име и презиме, и тоа е СДС и ДУИ.
Клучот е во системското делување и во големите вложувања во заштита на животната средина кои ќе ги исклучат главните фактори на загадување.
Во таа насока владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе преземе големи системски мерки кои ќе придонесат за намалување на загаденоста на воздухот, спроведување на детален план кој ќе резултира со чист воздух и здрава животна средина.
Главен столб во тој план е и стратешка инвестиција на гасна когенеративна централа, која ќе обезбеди топлинска енергија со значително и драстично намалување на загаденоста, и електрична енергија која ќе се користи во стопанството.
Владата за таа намена како што најави премиерот Мицкоски ќе даде значителни субвенции кои ја поттикнат изградбата на централата.
Промените се случуваат и ќе резултираат со почиста животна средина и почист воздух. Решението нема да дојде за 1 годинa, но во период од еден ипол мандат тоа и како ќе биде приметливо и ефективно“, изјави Анета Марковска Илиевска, советник во Совет на Град Скопје.