Градоначалникот на Гази Баба: Изречена е казна, нема компромис со чистиот воздух
Од
Објавено на
Во текот на вчерашниот ден, по претходна пријава извршен е координиран увид во правното лице „Римес“ од страна на инспектори за животна средина на Општина Гази Баба и надлежни институции, извести градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски.
„При направениот увид веднаш е стопиран со работа котелот за загревање на погон кој беше предмет на пријавата. Поведена е инспекциска постапка согласно Закон за управување со отпад и Закон за животна средина од страна на надлежни институции во чија надлежност е одобрената Б-интегрираната еколошка дозвола која ја поседува правното лице „Римес“, кажа градоначалникот и додаде дека според неговите информации, утрово е изречена и глоба кон правното лице.