„Промената која не ВРЕДИ, ВМРО продолжува со дезалбанизација на различните спортски федерации“, соопшти Алијанса за Албанците
„Новиот дух на ВМРО-ДПМНЕ во политиката се појавува и во други области, овојпат и во спортската политика, која изгледа дека има за задача да ги дисциплинира и дезалбанизира различните спортски федерации, покривајќи ги своите дејства со „професионални“ елементи за да создаде впечаток дека претходните раководители не биле професионалци“, велат од Алијанса за Албанците.
„Пред неколку недели, на сличен начин се постапи и со Боксерската федерација, барајќи од клубовите, ако сакаат да ги добијат субвенциите за клубовите, да изберат ново раководство. Како резултат на тоа, беше одржано Вонредно собрание, на кое беше сменет познатиот претседател, Фатон Салиу. За првпат во историјата на оваа федерација, ниту претседателот ниту потпретседателот не се Албанци, иако многу клубови и албански спортисти имаат направено историја во овој спорт (руско-српската алијанса ќе ја објасниме другпат).
Сега на ред е Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), каде се очекува истото „лекување,“ одложувајќи ја промената за неколку месеци преку „елеганција“ за да се воспостави слоганот „Македонија повторно твоја.“ Ова ќе го видиме овие денови. Другите федерации се во исчекување. „Горда Македонија“ или промената која НЕ ВРЕДИ“, соопшти Алијанса за Албанците.