Македонија

Заев: Одредени слабости наштетија, падна рејтингот на Власта

Премиерот Зоран Заев во вечерашното интервју на телевизија Канал 5 откри дека најновите испитувања покажуваат дека рејтингот на власта е паднат за шест отсто.

-Ако водевме 11,9, сега водиме 5,9. А ВМРО-ДПМНЕ е фиксирано. Одредени слабости на власта наштетија. Ние сме паднати 6 посто, ако се тешиме Ципрас падна 11 посто. За тоа придонесоа храбрите одлуки како уставните промени и Законот за јазици, но и одредени слабости, како непотизмот и тоа прави штета на владејачката гарнитура. Јас сум искрен човек и тоа тешко се надоместува. Но, ако не ги повторуваме грешките мислам ќе успееме. Пораката е примена и сега на нас е тоа да го поправиме, рече Заев.

 

На почеток