За СДС буџетот беше начин народните пари да се ставаат во џебови на поединци, реагира ВМРО-ДПМНЕ
„За време на владата предводена од СДС кога на дневен ред ќе дојдеше планирање на државната каса или буџетот, тие размислуваа кај кого ќе завршат народните пари. За време на СДС кога станува збор за буџетот на ум им беа матни тендери или криминал“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција на Сања Лукаревска.
„За време не СДС се трошеа милиони суми кои никој не знаеше каде завршуваат. За разлика од тоа време сега Владата на ВМРО-ДПМНЕ има јасно проектирана државна каса.
За прв пат во историјата предвидени се средства за капитални инвестиции во висина од 50,5 милијарди денари.
Во 2025 година според проекциите се очекува раст од 8,1% на бруто-инвестициите, односно истиот ќе биде поттикнат од засилената реализација на големите инфраструктурни проекти, вложувања во патна и железничка инфраструктура, како и инвестиции во енергетиката, земјоделството, здравството и образованието.
СДС до пред една година имаше можност да прави буџети, нивната работа доби црвен картон. Сега Владата на ВМРО-ДПМНЕ има историски висока сума за капитални инвестиции за прецизни проекти. Сето ова ќе води кон повисок животен стандард“, се додава во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.