Промени тема
За нас
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

Стојаноска: Покачувањата на платите се одговор на домаќинското работење на ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
Dafina

„Се покачија платите во образование, веќе вработените ги примија покачените плати. Со овој буџет ќе се покачат платите и на административците и на полицајците и еве денес како што излезе и веста ќе се покачат и на здравствените работници“ , говореше пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојаноска, на вечерашното гостување на Канал 5 телевизија во емисијата „Само вистина“, каде за почеток се зборуваше за поднесените 200 амандмани од СДС меѓу кои се бара и покачување на плати.

— реклама —

Стојаноска посочи дека заклучно со завршување на мандатот предвидено е да се зголемува процентот во однос на покачување на платите. Напомена дека иако Владата на ВМРО-ДПМНЕ затекнала празна каса на буџет, успешно успеале да ги сервисираат долговите.

— реклама —

„До крајот на мандатот предвидено е до 40% зголемување, а до крај на 2024 година сите здравствени работници ќе примат плус 2 450 денари, а средниот медицински персонал 3 850 денари до крајот на оваа година што за мене е добар знак. Е малку но е добро, ако во ова време навреме начекавме речиси празна каса на буџет со ребалансот се обидовме да изнајдеме средства, да се исплатат тие неисплатени плати од претходната влада во заминување“ , децидна беше Стојаноска.

Стојаноска јасно даде до знаење дека ВМРО-ДПМНЕ и во иднина ќе продолжи да работи во делот на зголемување на процентот на висина на плати, да се создадат услови за истото затоа што граѓаните се на прво место.

— реклама —

„Со овој буџет предвидени се вакви покачувања на плати и тоа за мене е добар сигнал и сметам дека потребно е сите постепено да стануваат задоволни. Ние како ВМРО-ДПМНЕ дел од извршната власт и во иднина ќе се трудиме да не биде толку. Дај боже да биде и повеќе од 40% до крајот на мандатот“ , заклучи Стојаноска.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryr0nm7kal2loidVEYfFw

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ да престане да го брани Дехари, жртвите да добијат заштита

Македонија | пред 5 месеци

zaev-filipce-1

Дали 90 милиони денари од тендерот за ремонти на Марковски завршиле кај Заев и Филипче, праша Манасиевски

Македонија | пред 5 месеци

zaev-filipce-1

Ако Заев земал куферче со пари од Борисов, сега какво куферче бугарски пари земал Филипче за актуелниот трик наречен црвени линии, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 5 месеци

ck-dpmne

ВМРО-ДПМНЕ: СДС со кривични пријави бега од одговорност и прикрива повици за убиство

Македонија | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања