Република

Сејмот на Литванија со 92 гласа за го ратификуваше Протоколот за пристапување на земјава во НАТО

Денес, Сејмот на Литванија со едногласна одлука со 92 гласа за го ратификуваше Протоколот за пристапување на Република Северна Македонија во НАТО. Претседателот Џафери кој е во Вилнус на покана на претседателот на Сејмот, г. Пранцкиетис, меѓу другото истакна:

-Дозволете да го споделам со вас задоволството што денес бев сведок на овој свечен чин за нас, за граѓаните на Република Северна Македонија и за сите што придонесоа за тоа каде сме денес, ни веруваа и ни дадоа поддршка. Сејмот на Литванија и државата Литванија со чинот на Ратификација на Протоколот за наше пристапување во НАТО сојузот, само ја потврди на дело искрената и безрезервна поддршка што во текот на сиве минати години сме ја имале и добивале од вас. Затоа, дозволете искрено да се заблагодарам од мое лично име, од име на пратениците во Собранието на Република Северна Македонија и од име на граѓаните на Република Северна Македонија.

 

Нашите напори не беа залудни и сега сме во фаза на изодување на последните километри пред полноправното членство во НАТО и отворањето на преговорите за членство во Европската Унија. Во однос на НАТО, ние се надеваме дека до крај на оваа година или почетокот на 2020 година, протоколот за полноправно членство на Република Северна Македонија во НАТО, ќе биде ратификуван во сите 29 национални парламенти и со тоа ќе станеме триесетта полноправна членка со сите права и обврски што ги има секоја членка на НАТО. Протоколот прва го ратификуваше Грција за потоа да го отвори патот за сите други национални парламенти. Досега, Република Словенија, Република Албанија, Бугарија, Хрватска, Црна Гора, Романија a денес ете и Литванија го запечатија со конкретно дело својот пријателски однос кон нас. Република Северна Македонија ќе го памти овој чин засекогаш, истакна меѓу другото Џафери.

Најчитани

To Top
Close