Македонија

Петровска: Постигната финансиска стабилност на општина во 2018 год и проектна ефикасност за 2019 година

На 30-тата седница на Советот на Општина Битола, градоначалничката Наташа Петровска, говореше за Годишниот извештај и Завршната сметка на буџетот на Општина Битола за 2018 година. Таа потенцираше дека е постигната главната цел, финансиска стабилизација на општината, поставена во првата година мандатот.

„Процентот на реализација на планираните приходи изнесува 77.27% што претставува висок степен на реализација. Споредено со реализацијата на планираното во 2017 година кога реализацијата на планираното беше 64,34%, во 2018 година сме успеале да ја подобриме реализацита во однос на планирањето за 13%.Приходите во 2018 во однос на 2017 година номинално се зголемени речиси за 30 милиони денари или за скоро 6%.

Висок степен на реализација има кај даночните приходи кои ја претставуваат основата на основниот буџет, без блок дотациите. Реализацијата на даночните приходи во однос на планираните средства е над 90%, наспроти 2017 година кога даночните приходи имаа реализација на 70% од планираните.

Како резултат на добрата наплата на даночните приходи во првиот квартал од 2019 година имаме приход од закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост од централниот буџет, што минатата година го немавме, бидејќи во 2017 година имаше помала реализација на даночните приходи во однос на планираните.Тоа значи дека за ваквата работа сме и наградени од страна на централната власт, со дополнителен приход на годишно ниво од 2 милиони денари.

Споредбата на даночните приходи во изминатите две години покажува дека за десет проценти има поголеми приходи во 2018 отколку во 2017 година. Идентична или слична е состојбата и со другите приходи на буџетот. Најрелевантниот податок за рационалност и наменско трошење на парите прибрани од граѓаните е учеството на капиталните расходи во вкупниоте расходи на општината.

 

Учество на капиталните расходи во вкупните расходи во 2018 година е 42.3%. Ретко која буџетска институција може да се пофали со ваква бројка.Во 2017 учеството на капиталните расходи во вкупните расходи беше 37,2 %. Наспроти поголемото учество на договорните услуги во 2017 година, во 2018 година договорните услуги се трипати помали од 2017 година. Тоа покажува дека се повеќе се оди на транспарентност на трошењето на буџетот“, рече Петровска.

Во поглед на обврските кои што ги има Општина Битола, Петровска гипотенцираше разликите во висината на обврските.

„На крајот на 2017 година само по основ на фактури или пристигнати ситуации општината имаше обврски од 117 милиони денари или скоро два милиони евра, а на сметката имаше само 24 милиони денари. Покрај овие обврски во 2017 имавме и обврски по основ на гаранции од минати години кои ги исплативме во 2018 година и тоа во износ од 13.065.893.00 или вкупните обврски по основ на фактури, ситуации и гаранции во 2017 година беа 130 милиони денари или над 2 милиони и 130 илјади евра. А да не зборуваме за судските одлуки за кои исплаќавме, исплаќаме и ќе исплаќаме големи суми. Деновиве повторно ни стигаат тужби за работи од пред две три години.

Но ако тогаш без пари во касата само по еден основ на фактури и ситуации и дадени гаранции имавме обврски од над 130 милиони денари денес нашите обврски на 31.12. 2018 година се 37 милиони денари и тие се пред се недоспеани, а имаме пари на сметката трипати повеќе од обврските“, истакна Петровска.

Петровска се задржа и на недостатокот на проекти за инфраструктурни објекти, за што општината посебно се залагаше во втората половина од 2018 година.

„Ме прашавте и дали во Битола постои проектна документација. Во моментов во Општина Битола во тек е изработка на проектна документација за 33 ифраструктурни проекти, од кои што дел одат преку повик за јавни набавки, дел преку нарачани обврски кон јавните претпријатија. Добро ќе беше и во 2017 година да завршевте со вакви бројки. Но, сега критериумите се поразлични, а граѓаните секако ќе го видат резултатот од ваквото работење, кое секако нема да остане само на глаголската форма ЌЕ, туку навистина на терен се работи на реализација“, посочи Петровска.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток