По информацијата до која дојде Скопје1 дека во ОЕМУЦ денеска се изврши дезинфекција, затоа што кај ученик е дијагностицирана шуга, се обративнме за информација и кај директорот на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ Сашо Недески. Изјавата на Недески ви ја пренесуваме во целост.
„Ние побаравме дезинфекција на училиштето, затоа што ученик бил препратен од маларична на инфективното одделение. Не знам како докторката констатирала шуга, затоа што иако не сум стручен, мене ми рекоа дека за да се потврди болеста треба подолго време да се испитува во лабараторија, за да се констатира дали е шуга или друго заразно заболување. Дезинфекција побаравме ние и тоа денеска се направи. Некој од другите сака да не девалвира.Јас се сомневам така, инаку како тие толку брзо констаирале шуга. Не ме чуди од нив некој да излези и да кажи дека имаме Сида“, истакна директорот на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ Сашо Недески.
Скопје 1 дословно ја цитира изјавата на директорот кој во вториот дел од разговорот тврдеше дека во училиштето има ученици кои ги опишуваше со недолични вулгарни зборови за објавување во јавност.
Дознаваме дека професорите уште пред два дена ги информирале родителите од советот на родители дека еден ученик од едно село од соседна општина е заболен од шуга.
На наше укажување дека професорите ги информирале родителите и од нив побарале да не ја шират информацијата во јавноста директорот ни рече, цитираме:
А бе каков совет на родители. Јас сум директор, директор, директор. Неможе тоа да го кажат ни доктори, ни родители ни никој. Јас кажвам, јас потпишувам информации и јас кажвам што ќе бидит. Затоа и ви реков за Сидата, сакам малку на мајтап да ја свртам работава, дословно го цитираме директорот Недески.
Се обидовме да му укажиме дека се јавуваме официјално за сериозно прашање, за кое здравствените работници и родителите имаат дијаметрално спротивно тврдење од неговото и дека е насфатливо зошто ја врти работата во јавност на мајтап, директорот дословно ни одговори:
-Јас кажвам овде и толку…, дословно кажа директорот Недески.
Инаку утрово Електро машинскиот училишен центар беше дезинфициран во целост.