Македонија

Во светот на медицината не постојат повеќе граници, кажа директорката на ГАК откако денеска 61-годишна жена се породи на Гинекологија

Директорката на Гинеколошка акушерската клиника Ирена Алексиовска Папестиев кажа дека во светот на медицината не постојат повеќе граници и дека медицината во Македонија може да се мери со онаа во светот, откако денеска жена на возраст од 61 година на свет донесе здраво машко бебе.

„Во светот на медицината не постојат повеќе граници и дека медицината во Македонија може да се мери со онаа во светот. Ова го говори раѓањето на бебето Петар кое на свет го донесе највозрасната пациентка во нашата држава. Ова пациентка е прва која е останата бремена со сопствена јајце клетка која што била замрзната која добила ин витро третман во нашата држава и целата бременост била следена во нашата држава, а породувањето е извршено на ГАК“, рече Пепестиев.

Директорката додаде дека на пациентката е породена со царски рез и истата го роди Петар кој е тежок 2.350 грама и е 48 сантиметри долг.

На почеток