Денес со почеток во 11:30 часот, во паркот кај Авиончето во општина Аеродром, ќе се организира настанот „Skopje Classic Day“ 2018. На овој настан ќе бидат претставени околу 50 луксузни и несекојдневни олдтајмери и 20-тина моторцикли.
Исто така ќе има и околу 10-тина автомобили донесени од соседните држави, кои за првпат ќе бидат видени во Македонија. Возилата ќе бидат постари од 35 години што е услов за да се класифицираат како олдтајмери.
Благоја Петровски и Игор Стефановски, кои се организатори на овој настан, ќе да ангажираат девојки облечени во соодветен аутфит, со цел да се добие целосен впечаток за временскиот период од кој потекнува возилото.
Замислено е да има динамична и статична презентација на возилата со кратка приказна за возилото, a ќе биде доделена и награда за најдобра целосна презентација.