Претежно облачно со локални врнежи од дожд, на планините снег
Од
Објавено на
Времето денеска ќе биде претежно облачно со локални врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Врнежите повремено ќе бидат пообилни во западните делови, а на планините дополнително ќе се зголеми снежната покривка.
Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне од 4 до 10 степени.
Во Скопје облачно со повремени врнежи од дожд. Максималната температура ќе достигне до 8 степени.