„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...
„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...

Докажаните мерки на партијата на Филипче, Заев и Харис Џиновиќ се доказ за неспособност и деструктивност, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
filipce-zaev-haris-dzinovic-dubai

„Докажаните мерки на партијата на Филипче, Заев и Харис Џиновиќ се доказ за неспособност и деструктивност кои ја донесоа државата до работ на економски, институционален и морален колапс“, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:

Стотици илјади лица се иселија од Македонија, инфлацијата достигна рекордни бројки, граѓаните живеат со најниски плати во регионот, а корупцијата и националните предавства станаа заштитен знак на оваа партија.

— реклама —

Со нивната неспособност, автопатите и пругите останаа само на хартија, а парите за нив завршија во нечии џебови. Граѓаните сè уште ја паметат трагедијата во модуларната болница, случајот со „Дурмо турс“ и скандалите со онкологијата, за кои никој не сноси одговорност. СДСМ молчи, бидејќи е под притисок од својот коалициски партнер ДУИ, чија злоупотреба на институциите достигна ново ниво на безобразие.

— реклама —

Граѓаните на Македонија се најнесреќни во Европа, дишат најзагаден воздух, а над 600 илјади живеат во екстремна сиромаштија со само 150 денари дневно. Во меѓувреме, Филипче си гради хациенди, купува луксузни возила и заштитува веледрогерии, додека болните умираат без соодветна нега.

— реклама —

Додека македонската јавност чека одговори за вмешаноста и расплеткувањето на трагедиите со онкологија и модуларната болница, како и за милионските набавки низ здравството кои доведоа до стотици милиони евра долгови на Фондот за здравство и клиниките, глетката на Филипче, кој со доза на воодушевување и гордост го снима својот ментор Зоран Заев како нарачува песни од Харис Џиновиќ, точно ја покажува свеста на овие луѓе кои сега зборуваат за "докажани мерки".

Единствено докажано е вашата неспособност и криминогеност, поради што изгубивте на последните избори со катастрофална разлика, а рејтингот од 6 до 8 проценти е само уште еден доказ за тоа каде терате и што мисли народот за вашите "докажани мерки".

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library1ko73lsc07gb60kG2fg

ВМРО-ДПМНЕ: Колкав процент добил Заев од Дака за ДУП-от во Тетово? Дали парите од поткупот Заев ги инвестирал во Африка и Дубаи?

Македонија | пред 4 часа

media-libraryg9188ctes36g6QyiB6H

Обвинувања за урбанистички зделки: ВМРО-ДПМНЕ ги повика СДСМ да одговорат, а Обвинителството да истражи

Македонија | пред 2 дена

media-libraryn3ugtfmiffgkek0Fi1u

ВМРО-ДПМНЕ: СДС продолжува со безобразниот обид да профитира од сопствениот пустош: Системското уништување на енергетиката има име и презиме, а тоа е СДС

Македонија | пред 3 дена

IMG_4855

ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања: Дали Заев земал 4 милиони евра мито за ДУП во Тетово?

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања