Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

ВМРО-ДПМНЕ: СДС продолжува со безобразниот обид да профитира од сопствениот пустош: Системското уништување на енергетиката има име и презиме, а тоа е СДС

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-libraryn3ugtfmiffgkek0Fi1u

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

СДС го слуша и го користи за ситни дневнополитички поени само тоа што им одговара, извлекувајќи изјави надвор од сите логични контексти. Прашуваме, за какво „признавање“ зборува СДС, кога кристално јасно е објаснето дека загубите се наследени рецидиви од мрачното владеење на оваа партија во периодот 2017-2024 година, велат од ВМРО-ДПМНЕ како реакција на соопштението на СДСМ.

— реклама —

„Не постои магично стапче ниту начин системското уништување на АД ЕСМ да се санира за само година и половина, особено по невидената девастација оставена во РЕК Битола. Со цел да си ги полнат џебовите преку сомнителни тендери за ископ на јаглен и ангажирање приватни фирми, СДС свесно ги урниса двата најголеми комбинати за производство на струја – РЕК Битола и РЕК Осломеј – во сите сегменти. Сега, крајно лицемерно, „откриваат топла вода“ и ја замајуваат јавноста со податоци кои се директен резултат на нивното недомаќинско работење.

— реклама —
— реклама —

Да е иронијата поголема, партијата што за седум години власт не изгради ниту еден нов државен капацитет за производство на електрична енергија, денес душегрижнички се дрзнува да ги коментира предизвиците во енергетиката што токму тие ги продуцираа. Додека тие се фокусираа на богатење на поединци блиски до врвот на партијата, енергетскиот систем беше оставен на маргините, со истрошена механизација и празни акумулации.

— реклама —

За разлика од времето на СДС кога цената на струјата беше постојано под закана поради увозната зависност, денес со домаќинско менаџирање, стабилизирана хидрологија и намалени производствени трошоци, граѓаните се заштитени. СДС треба да престане со манипулациите и барем еднаш да преземе одговорност за енергетскиот крах што му го приредија на македонскиот народ. Нивните обиди да го сокријат сопствениот криминал зад искривени интерпретации на реалноста веќе не поминуваат кај јавноста“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-28-1040PM

ВМРО-ДПМНЕ: Инфлацијата во Македонија е најниска во регионот меѓу земјите со објавени податоци

Македонија | пред 18 часа

media-library2usa516otu319IXcNE8

Единствената коалиција што функционира е СДС, Левица и ДУИ против Изборниот законик, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 18 часа

media-librarykflvct7qbpcp9BfLynD

Манасиевски: Единственото за што се согласни СДС, Левица и ДУИ е да не се донесе Изборниот законик

Македонија | пред 1 ден

media-libraryr5ei96jn3qoc1LENMyH

Стојаноски: Македонија има најниска инфлација во регионот, мерките на Владата даваат резултати

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања