Промени тема
Контакт

Обвинувања за урбанистички зделки: ВМРО-ДПМНЕ ги повика СДСМ да одговорат, а Обвинителството да истражи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-libraryg9188ctes36g6QyiB6H

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека СДСМ, Венко Филипче и Зоран Заев молчат и избегнуваат да одговорат на прашањата поврзани со промената на деталниот урбанистички план во Тетово.

— реклама —

Од партијата тврдат дека случајот отвора сериозни сомнежи за можно ставање на приватниот интерес пред јавниот, во врска со урбанистичките измени за просторот на ШИК Јелак, каде, според нив, биле предвидени околу 2.000 станбени единици со вкупна вредност од 200 милиони евра.

ВМРО-ДПМНЕ прашува дали поранешниот премиер Зоран Заев добил 4 милиони евра од бизнисменот Дака за промената на ДУП-от, оценувајќи дека јавноста има право да знае како и врз основа на што биле носени одлуките што директно влијаат врз урбаниот развој на Тетово.

— реклама —

„Кој и колку профитираше од промените на ДУП во Тетово?“, прашуваат од партијата, додавајќи дека постои сомнеж оти урбанистичките измени не биле правени според потребите на граѓаните и стручни анализи, туку поради бизнис интереси.

— реклама —

Во реакцијата се споменува и Венко Филипче, со прашање дали и тој, заедно со Заев, го ставиле приватниот интерес пред јавниот интерес.

Од ВМРО-ДПМНЕ бараат Јавното обвинителство да ги испита сите наводи, сомнежи за судир на интереси и евентуална злоупотреба на функцијата, нагласувајќи дека граѓаните заслужуваат транспарентност, отчетност и владеење на правото.

— реклама —

Партијата повика СДСМ да не молчи, а надлежните институции, како што велат, темелно да го истражат случајот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

krasimir-karakachanov-960x540

ВМРО-ДПМНЕ до Каракачанов: Поканата за Самоил посоодветно е да им ја испратите на Заев и Филипче

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryk9bg46ospo8339z0mxX

„На Филипче пак цел свет му е крив, никако да сфати дека СДС се распаѓа поради него“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 3 дена

media-libraryi8nc11fhp99ecwj2nqF

ВМРО-ДПМНЕ: „ Контрашот Филипче и талогот на СДС се јавија денес видно вознемирени и во очајна состојба, сериозна опозиција не може да се биде со став“

Македонија | пред 4 дена

media-libraryk9bg46ospo8339z0mxX

ВМРО-ДПМНЕ: Во Чешиново Облешево се работи на локална инфраструктура, чистење на диви депонии и подобри услови за млади

Македонија | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања