Свет

Такер Карлсон се врати во Москва да го интервјуира Лавров, да зборува за војната, за Трамп, Кина…: „Фасцинантно!“

Такер Карлсон, политички коментатор и поранешен водител на Fox News, се врати во Русија каде што направи интервју со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Карлсон објави видео од Москва во кое вели дека „многу брзо“ ќе биде достапно „фасцинантно“ интервју со рускиот министер за надворешни работи. Карлсон рече дека сака да го покаже „рускиот поглед“ на руската војна против Украина.

„Се вратив во Русија за да го интервјуирам рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, министерот за надворешни работи со најдолг стаж во светот. Тој е дел од оваа влада 25 години, а во дипломатијата е повеќе од 40 години. Ќе го прашам точно каде сме во овој момент: дали одиме кон невиден момент во кој Русија и САД ќе се судрат? Има ли шанси Русија да се одвои од Кина и повторно да се приближи до Западот? Дали овој сојуз е постојан? И дали изборот на Доналд Трамп значи крај на оваа војна која го преобликува светот, американската економија, светската економија и ги ризикува животите на сите луѓе на планетата? Само што го завршив интервјуто и едноставно е фасцинантно“, вели Карсон.

Видеото на Карлсон на платформата Х го објави Антон Герашченко, советник на украинскиот министер за внатрешни работи.

„Русија е терористичка земја, воин која започна војна против Украина без никаква провокација. Русија се обидува да ја уништи државноста на Украина, дење и ноќе ги напаѓа мирните украински градови и прави страшни злосторства“, напиша Герашченко.

„Американскиот новинар дојде да открие каков став има претставникот на Русија за војната, претставникот на тоа чудовиште, човек кој постојано лаже и прикрива руски воени злосторства. Слично е како вооружен манијак и психопат да напаѓа невооружено дете, да го дави и тепа, да се обиде да го убие, додека новинарот ги слуша неговите оправдувања зошто е правилно и зошто е потребно да се убие“, посочува Герашченко.

„Лавров, како и Путин пред него, ќе добие мултимилионска платформа за самооправдување. И овој американски државјанин ќе го направи тоа, како што правеше претходно. И тогаш тоа ќе го нарекуваат слобода на говор и вистинско новинарство. Тоа е срамно и нехумано“, вели Герашченко.

На почеток