Свет

(Видео) Вучиќ ги обвини младите дека протестираат за пари

Додека студентите во повеќе градови во Србија излегуваат на улица во знак на почит кон жртвите од трагедијата во Нови Сад, а потоа протестираат и ги блокираат своите факултети, барајќи одговорните за падот на настрешницата да бидат кривично гонети, а учесниците на протестот кои се уапсени да бидат ослободени, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, од Швајцарија ги повика младите „да не се расправаат и да не се караат за пари, заради рушење на власта“.

Тој во објава на социјалната мрежа Инстаграм рече дека младите ќе имаат можност да го сторат тоа во 2026 или 2027 година, а дотогаш ќе можат „добро да заработат работејќи и борејќи се за својата земја“.

„Ги поканувам сите да работат заедно и би им порачал на луѓето да не се грижат за блокади и малтретирање. Секогаш е само израз на немоќ и непочитување кон сопствениот народ и држава. Од сето ова ќе излеземе уште посилни и посилни, ќе ги зачуваме мирот и стабилноста. Србија нема да застане“, изјави Вучиќ, кој деновиве е во официјална посета на Швајцарија.

Тој додаде дека од официјалните лица на таа земја добил потврда дека Швајцарија ќе учествува на меѓународната изложба ЕКСПО 2027 во Белград.

На почеток