Македонија

Чупеска ја добила најдолната задача да го брани неодбранливото, да биде адвокат на судско политичката и бизнис мафија која ја уништи Македонија, реагира ВМРО-ДПМНЕ

„Ново назначената потпретседателка на СДС, Ана Чупеска која како универзитетски професор треба да биде коректив и да дава конструктивни и издржани насоки за подобрување на општествените состојби, a таа се стави во функција на пропаднатата партија“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на ставовите на Ана Чупеска.

„Чупеска и останатите во СДС треба да знаат дека партијата не можат да ја вратат во живот со штури напади и излитени и веќе слушнати фрази кон власта.

Чупеска и останатите потрчковци на Зоран Заев во СДС, треба да знаат дека партијата е таму каде што е, поради практикувањето на власта на старо-новите партиски челници и доведување на Македонија подредена состојба и во економски, општествен и морален хаос.

Чупеска се става во одбрана на неодбранливите политики на владеењето на СДС кои ја уништија и деградираа државата и институциите.

Кој ќе и верува на Ана Чупеска дека ќе работи и ќе придонесе за општото добро, кога како ново поставена потпретседателка на СДС се стави во функција на одбрана на судско политичката и бизнис мафија на чие чело се кланот на Заеви.

Политиките и седум годишното владеење на СДС, кое што Чупеска го брани и промовира, од државата расели стотици илјади македонски граѓани.

Како Чупеска ќе излезе пред граѓаните, а и пред чесните членови на СДС, да ја бара довербата и да нуди решенија за подобрување на состојбите кога таа, сега брани уништено судство со 2% доверба?

Штета е што, како универзитетски професор, Ана Чупеска ја добила најдолната задача да го брани неодбранливото и со тоа да се стави во одбрана, како адвокат на судско политичката и бизнис мафија која ја уништи Македонија“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ во својата реакција.

На почеток