Македонија

ДУИ до САД, ЕУ и НАТО:Дестабилизација доколку се укинат одредби од Законот за јазици

Пред седницата во среда на која пред уставните судии ќе се најде иницијативата на 13 подносители за уставноста на Законот за јазиците, ситуацијата се вжештува.

Демократската унија за интеграција на состанок на партиското раководство било оценето дека овие постапки се дел од оркестрирана кампања на како што велат, нелегитимната влада.

Го повторија ставот дека ова е сериозна закана за стабилноста на државата.
За да го убедат меѓународниот фактор во исправноста на нивниот став, напишаа и испратија писмо до САД, ЕУ и НАТО.

ДУИ бара тие да преземат решителна акција за да се спречело поткопување на мирот.

,,На 11 декември, Уставниот суд на Македонија го закажа разгледувањето на иницијативите кои ја оспоруваат уставноста на клучните одредби од Законот за јазиците. Постои основана загриженост дека Судот може да укине до осум одредби, со што ќе се загрози интегритетот на законот и ќе се поткопаат темелите на Охридскиот Рамковен Договор. Ваквата одлука ќе го наруши долгогодишниот напредок, ќе ја загрози меѓуетничката хармонија и ќе ја дестабилизира кревката рамнотежа што ја одржува земјата обединета“, тврдат од ДУИ.

Ситуацијата се комплицира што уставните судии се поделија по етничка основа.
Судиите Осман Кадриу и Насер Ајдари најавија дека ќе ја бојкотираат седницата бидејќи велат, ќе дошло до надгласување.

На почеток