Најмногу снег на Попова Шапка
Најладно утрово било на Попова Шапка кадешто биле измерени -4 степени, -3 било во Крива Паланка и Маврови Анови, -2 во Претор, Берово и Крушево, -1 во Охрид, Виница и Струмица, 2 во Тетово, Прилеп и Куманово, 3 во Скопје-Зајчев Рид, Битола, Штип и Дебар, 4 во Скопје-Петровец, Велес, Кавадарци и Демир Капија и 5 во Гевгелија.
Висината на снежната покривка, во седум часот утрово била 39 сантиметри на Попова Шапка, 28 Маврови Анови и 5 во Крушево.
ВРЕМЕТО ВО ТЕКОТ НА НОЌТА И ИЗУТРИНАВА
Во текот на ноќта во западните и источните делови ведро, а утрово преовладува сончево време со локална појава на облачност. Во централните делови се задржа облачно. Дува слаб до умерен северен ветер.
ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА
Претпладне променливо облачно со сончеви периоди, во текот на денот облачноста ќе се намалува. Долж Повардарието ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне од 6 до 14 степени.
Во Скопје претпладне во делови од котлината со појава на слаба магла, во текот на денот сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Максималната температура ќе достигне до 9 степени.