Скопје

(ФОТО) Депонија во двор на училиште во скопски Бутел во време на епидемија

Пцовисани животни, смет, делови од стари автомобили е само дел од она што може да се забележи во стариот објект на основното училиште „Живко Брајковски“ во Општина Бутел, објави тв21.

Загрижениот родител кој се јави во нивната редакција вели дека ова е недозволиво во време на разни епидемии. Бара веднаш да биде реагирано.

Нови случаи на заразени со МРСА, нема информираат од Центарот за јавно здравје. Но, паниката кај родителите на дечињата што одат во градинката и во училиштето каде што се откриени заразените со бактеријата постои. Родителите бараат да им се земат брисеви на децата и да се направи дезинфекција на училиштата.

 

„Оваа бактерија се пренесува кожа на кожа, со директен контакт. Не се пренесува преку воздухот, нема логика да се дезинфизира. Социјалните мрежи го прават своето и родителите инсистираат. Два дена по ред доаѓаат родителите и ги носат децата, нема потреба“, изјави Александар Стојанов – Центар за Јавно здравје.

До сега едно дете е заразено со МРСА има од основното училиште „Панајот Гиновски“ во Бутел, а три случаи се регистрирани во детската градинка „Снежана“ во Чаир.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток