Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...
„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...

Џабе се препелкате, Груби го пуштивте да избега и за тоа сте сами вие одговорни, им велат СДСМ на ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
grubi-5123

„Со потсмев ги следиме обидите на ВМРО-ДПМНЕ да ја префрлат вината за бегството на Груби врз СДСМ. Обидите да ја изманипулираат јавноста дека СДСМ знаел за криминалот на Груби, а не го процесирал, е само невешт спин да се отргне вниманието од клучниот проблем и прашање,а тоа е - зошто Тошковски дозволи Груби да избега?“, им велат СДСМ на ВМРО-ДПМНЕ и додаваат:

Артан Груби и сите за кои во моментот има постапки мора да одговараат пред законот. Но за жал, тоа очигледно нема да се случи откако мистериозно Груби исчезна. Го прашуваме ВМРО-ДПМНЕ, кој е политичкиот договор и цена за пуштањето на Груби?

— реклама —

Зошто ВМРО-ДПМНЕ и Тошковски молчат за тоа дека „случајно“ не работеле камерите, „случајно“ полицајците не знаеле кого треба да проверуваат, „случајно“ згрешил службеникот на границата инаку кадар на Тошковски.

— реклама —

Границата со Косово се потврди дека откако е ВМРО-ДПМНЕ на власт е главен канал за бегање на криминалците. Прво избега Блерим Рамадани, па се шеташе Гаши со сватовите на свадба без проверка, сега се прошета и Груби. Можеби е време да ја отворат целосно за да не се трошат пари за одржување, па така и граѓаните ќе видат некаков ќар.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library1g39r2uj0nr87gNlSrN

Филипче: Регионот припаѓа на Европа, не на Русија

Македонија | пред 12 часа

— реклама —
media-library0cbv34ooa65r0MRC9e5

Филипче: Време е за правда, Груевски мора да се врати и да одговара

Македонија | пред 12 часа

media-library1g39r2uj0nr87gNlSrN

Филипче: По падот на Орбан следат Вучиќ и Мицкоски

Македонија | пред 12 часа

media-library0cbv34ooa65r0MRC9e5

Филипче: Орбан ја користеше Македонија како бизнис колонија преку Мицкоски

Македонија | пред 12 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања