Македонија

(Видео) Петрушевски: СДС, Заев и Филипче свесно му ја препуштија Лотарија на ДУИ, за Груби да прави криминал, а тие да останат власт

„СДС, Заев и Филипче свесно му ја препуштија Лотарија на ДУИ, за Груби да прави криминал, а тие да останат на власт. Да не беше СДС, Заев и Филипче, криминалот на ДУИ немаше да биде возможен“, рече Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

„Не е само криминалот од 8 милиони евра. Груби и ДУИ ја претвориле Лотарија во нивна приватна фирма, делеле тендери и пари како да се работи за семеен бизнис, а не за државно претпријатие со пари на граѓаните.

Артан Груби не беше сам во криминалот. СДС со нивната желба за власт по секоја цена му го овозможија тоа.

СДС знаеше дека во моментот кога ќе поведе постапка против Груби, владата им паѓа, затоа го толерираа, а подоцна и му се приклучија.

СДС со денови прават приказни, а секој знае дека се што правеше Груби знаеја во СДС, но молчеа од страв.

СДС излезе на избори со надеж дека таквиот тандем ќе продолжи.

ВМРО-ДПМНЕ уште пред изборите, и во текот на целото криминално работење на Груби кажуваше дека одговорност ќе има. И тоа и се случува сега. Одговорност за секој украден денар народни пари ќе има“, изјави Петрушевски.

На почеток