Александар Камбовски е нов претседател на Судски совет
Судскиот совет на седница денеска избра нов претседател Александар Камбовски.
Претходната претседателка Весна Дамева во декември 2024 година поднесе оставка на три дена пред пред истекот на нејзиниот мандат.
Собранието минатиот декември не го усвои годишниот извештај за работата на ова тело. За работата на Советот имаше и има критики за политички нарачани одлуки. Неусвојувањето на извештајот за работата на Судскиот совет ја отвора можноста пратениците врз основа на членот 100 од Законот за Судски совет да отворат расправа за работата на членовите на тоа тело кои се избрани од Собранието.
Ова неколку пати го најавува и премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, најавувајќи дека „размислуваат за неколку потези што ќе ги преземат после празниците”.
Судскиот совет има 15 членови, од кои 8 ги избираат судиите од своите редови, а од 5 членови што ги избира Собранието, двајца се на предлог на претседателот на државата.