Камбовски порача: На судиите кои не работат според законите местото нема да им биде во судскиот систем
Од
Објавено на
Александар Камбовски, новоизбраниот претседател на Судскиот совет на колегите им порача, судиите кои не работат според законите ќе бидат отстранети од судскиот систем.
„Бидете уверени дека институцијата ќе се води со интегритет, непристрасност и максимални напори за заштита на судската независност. Ова е куќа на судиите, ги охрабруваме да работат согласно законите и да не потпаѓаат под никакви влијанија. Крајно време е да се стави крај и секој судија кој не работи според законите, туку според негови лични интереси и потпаднал под влијание, дека местото нема да му биде во судскиот систем“, изјави Камбовски по изборот.