Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

Директорот на Царинска управа Николовски: Спречен организиран криминал со употребувани возила, запленети 35 автомобили, поднесени кривични пријави за 24 лица до Обвинителство за организиран криминал

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Македонија
3.1.2024

Царинската управа преку Секторот за контрола и истраги откри и спречи организирана мрежа во која увозници, шпедитери, возачи вработени во превозни компании и царински службеници организирано вршеле кривични дела со употребувани возила, при што овие возила на нелегален начин биле ставани во промет и завршувале на авто-плацеви во Македонија без да се платат увозни давачки. Запленети се 35 автомобили со вкупна вредност од 20 милиони денари, при што врз Буџетот на државата преку избегнување плаќање увозни давачки е нанесена директна штета во висина од 9 милиони денари. Ова го истакна директорот на Царинска управа, Бобан Николовски, на прес-конференција на која информираше за случаите.

— реклама —

Директорот притоа вели дека постои сомневање дека избегнатите давачки и штетата нанесена на Буџетот на државата е многу поголема, затоа што е голема веројатноста во изминатите години овие дела да се случувале повеќекратно.

„Досега, до Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција се поднесени кривични пријави за 24 лица, 19 физички и пет правни лица, за сторени кривични дела: царинска измама, прикривање стока од сторено кривично дело царинска измама, фалсификување и злоупотреба на службена должност и овластување. Со целосно завршување на предистражните и истражните дејствија, кривични пријави ќе следат за други лица, при што некои од нив ќе се теретат за повеќекратно извршување на исти или слични дела. Во однос на царинските службеници кои извршиле злоупотреба на службена положба и овластување, во тек се дисциплински постапки, по што ќе следат соодветни казнени мерки“, потенцира Николовски.

— реклама —

Поконкретно, во овие случаи, како што информира директорот, Секторот за контрола и истраги при Царинската управа утврдил грубо кршење на законските прописи. Сторителите на кривичните дела, кои биле учесници во добро организирана и разработена шема, изработувале фалсификувани придружни документи кои се потребни за завршување на царинската постапка и фиктивно гo раздолжувале транзитот без притоа да спроведат царинска постапка. Така, без да бидат платени царината и другите увозни давачки, возилата биле пуштани во слободен промет и истите завршувале на различни авто – плацеви во државата.

Николовски порачува дека нема да има простување, и оти се става крај на организираниот криминал и корупцијата. Откривањето на овие случаи, вели, е само почеток од она што следи, при што ќе продолжат со исто и засилено темпо кон откривање и спречување на сите вакви криминални појави и со зголемување на приходите во Буџетот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

carina-2

Во Царинската управа поднесени се 67 кривични пријави и поделени 11 откази

Македонија | пред 2 месеци

nikolovski-tirana-1

Директорот на Царинска управа Николовски на регионален состанок: Ги унапредуваме капацитетите за брз одговор на единиците на меѓународните аеродроми и фаќање на криминалците

Македонија | пред 1 година

sverc-carina-3

Царинска управа: спречен шверц на цигари, облека и хардверски делови, како и нелегален влез на илегални мигранти од Иран и Сиера Леоне

Македонија | пред 1 година

carinska-uprava-zaplena-7

Царинска управа: запленет автомобил, пиротехнични и распрскувачки материјали, цигари, лекови и фалсификати

пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања