Свет

(Видео) Лос Анџелес гори: „Пожарникарите веќе не се ни обидуваат да спасат куќи“

Пожарникарите не можат да користат воздушни сили поради силните ветрови, изјави портпаролката на градот Лиза Дердериан. Новинарот на CBS Џонатан Виљоти објави дека пожарникарите повеќе не се обидуваат да ги спасат тие структури, туку само се обидуваат да го спречат ширењето на пожарот.

Противпожарните екипи се борат со пожарот во Итон, северно од Пасадена, кој порасна на 400 хектари, но екстремните ветрови ги принудуваат авионите да слетаат, додаде таа.

Во интервју за партнерската станица на Си-Ен-Ен, KCAL, Дердериан истакна дека објектите се загрозени и дека градските власти работат на организирање сместување и грижа за евакуираните.

„За жал, ова е најлошото можно сценарио, за кое се надевавме дека нема да мораме да го доживееме“, рече таа.

Во моментов, 10 зони се под наредба за евакуација, што значи дека постои „непосредна закана по животот“ и жителите мора веднаш да ја напуштат областа. Дополнителни 18 зони се под потенцијална закана и издадено е предупредување за можна евакуација.

Шелби Кидман, која била во авион над пожарот во Палисадес, го фатила огнот од воздух.

Таа изјави за Си-Ен-Ен дека видеото е снимено додека нејзиниот авион од Солт Лејк Сити се приближувал до меѓународниот аеродром во Лос Анџелес.

На почеток