Пожар во кумановски дел на скопска Црна Гора. Чад и оган може да се забележат вечерва од зад планината. Гори ниска мешана шума и бор.
Пожарот е во местото викано Влајингроб и полека се шири кон с. Никуштак, с.Виштица и кон с. Матејче во горниот дел од планинскиот превој. Испратена е екипа на Шумско стопанство но неможе да се дејствува поради непристапен терен и немање соодветен пат до местото кое е зафатено со пожарот.
Од страна на Градоначалникот на општина Липково упатено е барање за ангажирање на воздухопловите на ДЗС, заради неможноста да се дејствува од терен.