Скопје

(Фото) Патот меѓу Пантелејмон и Средно Водно не е безбеден за движење поради голомразица, утрово повеќе возила заглавија во снегот

Општина Карпош извести дека патот меѓу Пантелејмон и Средно Водно во моментот не е безбеден за движење со моторно возило и апелира истиот да не се користи поради голомразица. Утрово на овој потег беа регистрирани повеќе возила заглавени во снегот.

„Надлежен за одржување на овој пат е ЈП „Македонија пат“, но за жал до сега по трасата ниту е фрлено сол, ниту е поминато со било какво возило за расчистување на снегот.

Патот во моментот е безбеден само за пешачење и секое тргнување по истиот со возило е на ризик на возачот на возилото“, соопшти општина Карпош.

На почеток