Продолжува судењето за грозоморните убиства на Вања и Панче – ќе се чита исказ од клучен сведок


Со изведување материјални докази денеска треба да продолжи судењето за за грабнувањата и убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски. Денеска треба да се чита исказот на сведокот Гоце Трајковски, кој важеше за еден од клучните бидејќи е недостапен за органите на прогонот бидејќи го бараат како осомничен во друг случај.
Љупчо Палевски-Палчо е првообвинет за грабнувањата и убиствата на Вања и Панче.
На обвинителна клупа се и Влатко Кешишов, Велибор Манев и Боре Видевски кои како соизвршители се товарат за по две кривични дела грабнување и убиство, како и Александар Ѓорчевски, таткото на Вања, кој е обвинет за помагање.
На почетокот на денешното рочиште ќе биде соопштена одлуката на претседателот на Судот, Иван Џолев, во врска со барањето на Љупчо Палевски Палчо за изземање на судијата Ивица Стефановски.
Неизвесно е дали и на денешното рочиште ќе се појави сведокот Гоце Трајковски, кој е во бегство по извршено друго кривично дело.
Четиринаесетгодишната Вања и велешанецот Панче, беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември 2023 година, а беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес неколку дена подоцна, односно на 3 декември 2023 година.
